Потребни ви се:
3 лимони
Ѓумбир (во зависност од вкусот, односно, колку можете да поднесете)
300 г мед
Приготвување:
Лимонот добро измијте го, а најдобро е да го направите тоа со помош на сода бикарбона. Уште подобро е ако имате органски лимон.
Изрендајте ја кората, а остатокот ставете го во блендер, но без семките. Испасираниот лимон помешајте го со мед, такашто да добиете густа смеса. Додадете и пасиран ѓумбир (најдобро е да користите помагало за гмечење на лук). Чувајте ја смесата во стаклена тегла и консумирајте по една лажичка на ден.