Состојки:
6 тенко исечени кришки стар леб
3 дл млеко
3 јајца
Сос од домати
Шунка, кашкавал
Оригано
Црн пипер, сол
Приготвување:
- Наредете ги кришките леб во тепсија за печење обложена со хартија за печење.
- Измешајте ги јајцата и млекото и посолете ја смесата. Прелијте врз лебот, премачкајте со сос од домати, наредете ги шунката, кашкавалот и зачините. Печете околу 15 минути на 250 степени.