…Направете пица за 20 минути, вклучувајќи го и правењето на тестото (ВИДЕО)

Колку пати ви се јадело пица, но не сте имале готово тесто ниту пак сте имале желба да го развлекувате и да чекате толку долго? Еве одличен трик за приготвување на омилената пица за која ви требаат само 20 минути, вклучувајќи го и правењето на тестото кое не се меси миту пак се пече во рерна.

0
747

Состојки за тестото:

 
125 мл топла вода
1 лажица маслиново масло

85 г брашно

½ лажичка шеќер
½ лажичка инстант сув квасец
½ лажичка сол

Фил:

120 мл сос од домати
200 г рендана моцарела
75 г салама по ваша желба (или нешто друго по ваша желба)
свеж босилек

Приготвување:

Во голема тава помешајте ги состојките за тестото.

Размачкајте го тестото со лажица по дноро на тавата колку што е можно потенко.

Врз тестото размачкајте го сосот од домати, изрендајте ја моцарелата и наредете ги другите состојки по ваша желба.

Ставете капак и оставете да се пече на ринглата 10 минути, а потоа тргнете го малку капакот и печете уште 5 минути.