Честите настинки, инфекции, замор, поспаност, деконцентрација – сето тоа е доказ за присутноста на токсините во организмот, малигни бактерии и други, не помалку штетни материи.
Еве еден делотворен природен лек на руската народна медицина на база на кефир и хељдино брашно.
Знаеме веќе дека е кефирот „еликсир на младост и здравје“, а брашното од хељда поседува исклучителни лековити својства: го јакне организмот, ги подмладува крвните жили, го отстранува заморот, ја зголемува циркулацијата во рацете и нозете, го зголемува лачењето на урина.
Одлично е за помнење и концентрација, особено за повозрасните лица. Го снижува притисокот, лекува артериосклероза и опстипација.
Во комбинација со кефирот, го намалува нивото на шеќер во крвта, ги чисти цревата и крвните жили, го нормализира метаболизмот и работата на панкреасот, го зголемува нивото на хемоглобин во крвта.
Еве што ви е потребно за ова чудесно народно средство за чистење на организмот:
1 лажица брашно од хељда
180 мл кефир
По желба малку мед
Приготвување:
Брашното прелијте го со кефир и добро измешајте. Направете го ова навечер и оставете го во фрижидер.
Наутро, измешајте го уште еднаш и изедете го. Најдобро е оваа смеса да ја земете наместо појадок.
По желба заблажете ја со малку мед. После ова не јадете ништо 3 часа. Курата на чистење нека трае 14 дена.