Направете еликсир од ѓумбир за лекување мигрена, киселини, болки во зглобовите и мускулите

0
956

Ако сакате да останете здрави, имајте на ум дека ѓумбирот е состојка на која мора да обрнете внимание. Богат е со калиум и манган, и одговорен е за правилна работа на срцето. Одличен е за јакнење на имунитетот и заради силициумот кој се наоѓа во него може да ги заштити кожата, косата, забите и ноктите.

Во него се наоѓаат витамините А, Ц, Е, како и Б комплекс, но и некои други позначајни минерали како што се магнезиум, фосфор, натриум, железо, цинк, калциум и бета-каротен. Истражувачите откриле дека ѓумбирот има противоспалителни својства и е многу корисен за нашите мускули, нерви и коски.

Освен тоа, многу е делотворен во превенцијата и лекувањето на мигрената и на хроничните главоболки. За да добиете максимум од ѓумбирот, можете да научите како да приготвите едноставна вода со ѓумбир која за момент ќе ги излекува главоболките, киселините, но и болките во зглобовите и мускулите.

Состојки:

Свеж корен од ѓумбир

3 шолји вода

½ лимон

Мед

Приготвување:

Изрендајте ѓумбир и додадете 3 шолји вода. Исцедете го лимонот во водата и додадете мед. Измешајте добро и лекот е подготвен. Пијте го секој ден на празен желудник и подобрите ги своето здравје, но и убавината.