Состојки:
2 л пресно млеко
2 лимони
Приготвување:
1. Млекото се загрева до точка на вриење, но не треба да зоврие.
2. Се трга настрана, се додава исцедениот сок од лимоните со постојано мешање (околу 5минути) додека да се засири.
3. Се процедува низ газа, се посолува по вкус. По желба можат да се додадат разни додатоци и зачини.
4. Се остава да се исцеди добро, притиснато со нешто потешко врз газата 24 часа. И младото сирење е готово.