Направете брз тест за проверка на интолеранција на лактоза

Лицата кои страдаат од интолеранција, ќе ги препознаат симптомите пола до два часа по консумирањето на млеко и млечни производи. Еве на што треба да обрнете внимание

0
431

Лактозата е природен млечен шеќер, најзастапен јагленохидрат во млекото. Во нормалниот тек на варењето, со помош на ензимот лактаза, кој се наоѓа во тенкото црево, лактозата се разградува на составни делови, односно, на полесно сварливи шеќери – глукоза и галактоза, кои многу брзо се апсорбираат низ тенкото црево и одат во крвотокот. Благодарение на тој процес човечкиот организам ја добива потребната енергија.

Меѓутоа, кога во цревата не се произведува доволно ензим лактаза, или во целост го нема, тогаш неразградената лактоза оди во дебелото црево. Тука ја разградуваат цревните бактерии, поради што доаѓа до полесни или до потешки тешкотии во варењето.

Во тој случај зборуваме за интолеранција на лактоза. Интолеранцијата на лактоза и неприлагодената исхрана, можат значително да влијаат на квалитетот на животот.

Но лицата кои поради интолеранцијата почнуваат да избегнуваат млеко и млечни производи, можат да си го загрозат здравјето, затоа што од исхраната ги исфрлуваат калциумот, витаминот Д и други хранливи материи кои му се потребни на организмот.

Затоа на лицата кои се интолерантни на лактоза им се советува да побараат соодветна замена. Лицата кои страдаат од интолеранција, ќе ги препознаат симптомите пола до два часа по консумирањето на млеко и млечни производи.

Направете брз тест на проверка!

Брза проверка на петте најчести симптоми на интолеранција

  1. Дали сте забележале да ви се појавуваат грчеви во стомакот откако ќе се напиете од вашето омилено кафе со?

2. Дали откако ќе се напиете чаша млеко на празен стомак страдате од проблеми со варењето во вид на надуеност?

3. Дали чувствувате мачнина пола час до два часа по консумирањето млеко и млечни производи?

4. Дали ви се случува по оброкот со млеко да морате итно во ВЦ?

5. Дали по консумацијата на млеко понекогаш, освен чувство на мачнина, и повраќате?

Доколку вашиот одговор на овие прашања е да или понекогаш, задолжително побарајте мислење од лекар.

Фото: Pixabey