Убаво е да се јадат јајца и тие се вкусни во секоја варијанта – варени, пржени, кајгана или воздушест омлет … А што велите да пробате да направите поширани јајца? Поздрави се, а ефектот е ист како да јадете превкусни јајца на око.
Клучно за да направите совршени поширани јајца е тие да се ладни и свежи.
Наполнете го тенџерето со вода и додадете две лажици оцет. Сол не ставајте затоа што ќе ја раздвои белката. Можете да ставите кога јајцата ќе бидат во чинија.
Загрејте ја водата на тивок оган и чекајте додека не почне да врие, односно. За да бидат успешни, водата треба да врие во текот на целата подготовка, но не смее да претекува.
Внимателно скршете ги јајцата во помал сад. Така барем нема да се случи жолчката да се распадне. Внимателно спуштете го јајцето во зовриената вода и варете го 4 минути истовремено туркајќи ја полека белката кон жолчката за да не се раздвојат. Јајцето е готово кога е белката целосно тврда, а жолчката е се уште течна и покриена со тенок слој која ја држи компактна. Извадете ги внимателено, зачинете и по желба додадете малку путер.