Наместо чипс, грицкајте корења

Ако сте од оние кои додека работат мораат нешто да грицкаат, наместо кикирики (што и не е лошо доколку не претерувате како некој) или мрсен и калоричен чипс, пробајте нешто здраво

0
552

За овие коренчиња пишувавме неодамна. Станува збор за чичоки – корени по изгледот слични на ѓумбир или на компир, а по вкусот сличен на артичоката.

Ако знаете дека во текот на работниот ден сигурно ќе ѝ подлегнете на потребата да грицкате нешто додека работите, понесете со себе барем неколку. Добро измијте ги и евентуално малку изгребете ги со нож и грицкајте ги свежи како јаболки.

Овие коренчиња содржат многу малку калории, но и железо, калиум, калциум, фосфор и магнезиум, како и витамини А, Ц, Д и некои витамини од групата Б.

За чичоката е карактеристично што содржи есенцијални аминокиселини, кои самиот организам не може да ги произведе, а кои се неопходни за нормално функционирање на речиси сите витални билошки функции на организмот.

Кртолите содржат инулин, поради што се препорачуваат во исхраната на дијабетичарите. Добри се и за превенција и лекување на ревматски болести, но истовремено се и силен афродизијак. Го јакнат имунитетот, го регулираат притисокот, добри се во превенцијата и лекувањето на алергии, анемија, болести на срцето и крвните жили, а делуваат и антибактериски.