Најздравата намирница на светот ни е на дофат на рака

Лекува сѐ, од срце до слаба коса, содржи бројни есенцијални витамини и минерали, ефтина е и достапна, но е неправедно запоставена

0
2264

Билката за која стручњаците веруваат дека е најздрава на светот е поточарката. Експертите тврдат дека таа е последна во долгата низа на новооткриени „супер – намирници“ кои содржат бројни хранливи и лековити состојки. Расте во области со чиста вода (во реките, потоците, изворите) и ѝ припаѓа на фамилијата на зелките.
Поточарката се смета за еден од најстарите видови на зелен зеленчук познат на човекот.
Денес е познато дека поточарката претставува богат извор на бројни витамини и минерали како што се витамините А, Ц, Е, К, минералите: калциум, калиум, манган, цинк, магнезиум и железо. Поточарката содржи бројни фитохемикалии, растителни влакна и се смета за нискокалорична супер храна. Таа може да се употребува како додаток на јадењата, во супите и соковите, но и како свежа салата. Таа е единствена билка која не може да расте во загадените области и се смета за сигурен показател на чиста природа.
Ако треба да им се верува на истражувањата, оваа билка содржи повеќе железо отколку спанаќот и повеќе витамин Ц од некои агруми. Освен тие хранливи материи, поточарката има и бројни здравствени предности.
Според една неодамнешна студија, поточарката го запира и го намалува оксидативниот стрес, а исто така и ја прочистува крвта, го поттикнува апетитот и го чисти телото од токсини. Се препорачува да се пие сок од поточарка разреден со вода во размер 1: 5.
Препорачаната доза е една чаша на секои неколку дена, не повеќе од тоа, затоа што може да дојде до нус појави.
Сокот од поточарка може да се примени локално во лекување на било која состојба на кожата и косата. Само истријте ги со сок од поточарка зафатените подрачја или користете го сокот во облик на облог и можете да го решите проблемот со губење на косата и многу кожни проблеми.
Исто така, сокот од поточарка може да го запре растот на туморот и метастазите, а некои стручњаци тврдат дека има моќ да спречи бројни кардиоваскуларни проблеми и да го запре ширењето на ракот на дојка.