Највкусниот лек против кашлица

0
933

Овој сосема природен лек против кашлица ја смирува иритацијата и болката во грлото и белите дробови. За среќа, станува збор за моќните својства на медот и бананата, кои се меѓудругото и вкусни па и вие и вашите деца можете да уживате во највкусниот лек против кашлица.

Состојки:

400 мл зовриена вода
2 средни зрели банани
2 лажици мед

Приготвување:

  1. Излупете ги бананите и од нив направете пире такашто ќе ги згмечите со вилушка.
  2. Ставете го пирето од банани во сад и додадете ја зовриената вода. Оставете ја смесата да отстои половина час.
  3. Кога смесата ќе се олади, додадете го медот.

 

Напомена:
Земајте го овој лек четири пати на ден во доза од 100 милилитри.

Количината која сте ја подготвиле е доволна за еден ден и следното утро можете да подготвите нова. Првите резултати ќе бидат видливи после 5 дена.