Најдобрата зимска салата

Сега е вистинско време да ги воведете портокалите во менито, и тоа не само во форма на сок, туку како состојка во слатки, но и во солени јадења. Заедно со другите видови на агруми портокалот спаѓа меѓу најмоќните борци против ракот. Содржи дури 58 познати антиканцерогени материи, повеќе отколку која било друга храна.

0
651

Состојки:

За салатата:

1 морков (рендан)

1 цвекло (рендано)

2 раце спанаќ

Малку рукола

1 портокал, излупен и раздвоен на кришки

За преливот:

1 авокадо

1 портокал

Малку изрендан ѓумбир

1 лажица сируп од агава

½ лажичка сол

Неколку ливчиња свеж босилек

¼ чаша вода

Приготвување: 

  1. Зеленчукот за салата измијте го и изрендајте ги морковот и цвеклото, а спанаќот и руколата исечкајте ги.
  2. Сите состојки ставете ги во блендер и прелијте ја салатата.