За да ја направите ви требаат само 6 кори, секоја премачкана со путер, за да биде покрцкава, а за да биде посочна, во филот можете да додадете и сварен пудинг од ванила. Пред печењето поросете кафеав шеќер кој ќе се карамелизира.
Состојки:
6 кори
1 кг сливи
80 г шеќер
80 г путер
100 г презли
мелен цимет
кора од лимон
шеќер во прав
Приготвување:
Исчистете ги сливите од семки, исечете ги на четвртинки и динстајте ги на путер и шеќер. Кога ќе омекнат, додадете им цимет и кора од лимон.
Премачкајте ја кората со путер, па покријте ја со друга кора која потоа ќе ја попрскате со стопен путер и ставете од сливите кои ќе ги поросите со презли. Свиткајте во ролат и ставете во тепсија.
Повторете ја постапката сѐ додека не се потроши целиот материјал. Премачкајте ги ролатите со преостанатиот путер и поросете со кафеав шеќер или пак, кога ќе се испечат, со шеќер во прав.
Печете 40 минути на 200°C.