На шкето кај госпоѓа Зорица

Иако е со јагнешко месо, изобилието од магдонос на ова јадење му дава свежина па се смета за лесен оброк.

0
1171

Шкето е специјалитет кој има значајно место во македонската кујна, но и специфичен вкус, бидејки се прави со јагнешко месо. Ова е стар македонски традиционален рецепт, кој датира од многу одамна , а го приготвувале нашите мајки и баби. Ние го испробавме кај госпоѓа Зорица која го направи со месо од јагнешка глава.

Состојки:

Јагнешка глава или 1/2 килограм јагнешко месо

5 китки свеж магдонос,

сол по вкус, црвен пипер

1–2 лажици брашно

Приготвување:

Месото се вари, се додаваат 5 китки исечкан свеж магдонос, се зачинува по вкус и се вари заедно уште десетина минути.

Веќе приготвеното шкето се трга од оган и се додава запршка од една –две лажици брашно и малку вода со постојано мешање. Се служи топло.