Ако се чувствувате истоштено и слабо, можеби е време за овој одличен пијалок за детоксикација, што може да ви помогне да го исчистите вашето тело и да ве подмлади.
Така барем вели Д-р Џош Акс, доктор по природна медицина и киропрактика и клинички нутриционист со страст да им помогне на луѓето да бидат здрави со помош на неговите совети во врска со исхраната кои можат да се најдат на една од најголемите светски здравствени веб-страници DrAxe.com, која има над 17 милиони посетители месечно во потрага по здрави рецепти, хербални лекови, совети за исхрана и фитнес, како и информации за есенцијални масла и природни додатоци.
Д-р Акс е експерт за функционална медицина, дигестивно здравје и хербални лекови и оснивач на една од најголемите клиники за функционална медицина во светот, во Нешвил. Тој е исто така и најпродаваниот автор на „Eat Dirt“ и автор на Keto Diet Book, како и редовен експерт во шоуто „Д-р Оз“.
Инаку, за рецептите како овој не треба блендер или соковник, така што е едноставен за правење и лесно достапен.
Ова е едноставен рецепт за напиток за детоксикација чија подготовка трае само неколку минути, а ги содржи клучните состојки за природна детоксикација, вклучувајќи сок од лимон, јаболков оцет, ѓумбир, цимет и каенски пипер.
Зошто да пиете пијалок за детоксикација?
За жал, речиси е невозможно да се избегнат секојдневните хемикалии што го загрозуваат вашето здравје, особено кога тие се скриени во нашата облека, мебел, сапуни и шампони. Згора на тоа, ние сме постојано изложени на загадувачи на животната средина и опасни хемикалии во нашата храна, како тешки метали, пестициди и конзерванси.
Со цел да се избегне токсичното преоптоварување поради што се чувствувате замор, расположение, надуеност и болка, одлична е идејата да користите напитоци кои ќе ви помогнат да го прочистите вашето тело.
Напитокот е освежувачки и дава енергија. На сите нас ни треба мал поттик од време на време.
Состојки:
1 чаша топла вода
2 лажици јаболков оцет
2 лажици сок од лимон
1/2 до 1 лажичка мелен ѓумбир
¼ лажичка цимет
1 прстофат каенски пипер
1 лажичка мед
Приготвување:
Загрејте ја водата.
Измешајте ги сите состојки заедно.
Најдобро се служи топло, но ако сакате, можете да го пиете и поинаку.