Најдобриот рецепт за леб кој не се меси

За овој леб не ви треба ниту искуство, ниту специјални состојки, туку само доволно време и трпение

0
1122

Овој леб не е потребно да се меси, туку е доволно само да се замешаат сите потребни состојки и да остават доволно време смесата да ферментира на собна температура. Лебот има мал процент на квасец и голем процент на влага, но ви треба доволно време и трпение.

Секако, рецептот можете да го прилагодите кон својот вкус и да му додадете на пример, семки од тиква, сончоглед или нешто слично.
Формулата и постапката за озработка на овој леб е на Њујорчанецот Џим Лејхи. Тој студирал вајарство во Италија, а кога во 1994 година се вратил во Њујорк, отворил во Сохо пекарница за производство на мали серии леб.

Кога еднаш ќе го испробате рецептот за овој леб, веројатно постојано ќе му се навраќате со оглед на едноставноста со која се прави, но и со оглед на вкусот, текстурата и изгледот.

Во својата книга „My Bread“ (Мојот леб), Лејхи го дава овој рецепт:

Леб кој не се меси (No knead bread)

Состојки:

400 г брашно

1¼ лажичка сол

¼ лажичка инстант сув квасец
300 мл ладна вода

Приготвување:

Од наведените состојки замешајте густа, леплива смеса и прекријте ја со проѕирна фолија.

Оставете го садот со смесата да отстои на собна температура од 12 до 18 часа (најдобро е преку ноќ) додека смесата не се дуплира.

Потоа исурете ја смесата на набрашнета површина, а потоа преклопете ја двапати на набрашнетата површина па така добиеното доста лепливо тесто префрлете го на набрашнета крпа, завиткајте го и ставете го во длабок сад да се крева уште 1-2 часа.

Со помош на крпата префрлете го тестото во добро загреан сад за печење, со капак.

Печете го на 230°C 30 минути, а потоа тргнете го капакот и печете уште 15-30 минути без капак. По потреба можете да ја намалите температурата на 200°C, но во тој случај ќе треба да се пече малку подолго, односно, додека кората не добие убава боја.

По желба во овој леб можете да додадете семки, како што се сусам, ким лен, но и лук, или зачински билки. Лебот има многу убава дупчеста текстура и заради својата влажност може подолго да трае.