Најдобриот рецепт за банана леб

Едноставен бисквит колач идеален и за појадок и за десерт, во комбинација со путер од кикирики или со домашен мармалад.

0
695

Состојки:

350 г пченично брашно

1 лажичка цимет

3 јајца

450 г банани

160 мл масло

2 лажички екстракт од ванила

125 г малини

Кора од лимон

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 150°C. Премачкајте го калапот за печење со путер. Во голем сад просејте го брашното и додадете шеќер и цимет. Во средина направете вдлабнатина и додадете ги јајцата, згмечената банана, маслото, кората од лимон и екстрактот од ванила.

Мешајте додека не се добие компактна смеса. Помешајте ги малините и ставете ја смесата во калап.

Печете околу 40 минути, а потоа оставете го да се лади барем 20 минути пред да го пресечете.