Мусака: едно од омилените

Некој сака, некој можеби и не сака, ама мусаката е јадење за кое вреди да се седне на масата

0
242

Не залудно Грците се расправаат за потеклото на мусаката, таа е јадење за кое навистина вреди да се засукаат ракавите или уште поарно, да се грабне приборот за јадење и да се седне на софрата.

Состојки:

250 г мелено месо

5-6 компири (зависно од величината)

2 млади кромитчиња

250 мл сос од домати

сол, црн пипер, копар

бешамел сос

2-3 лажици масло

Приготвување:

Загрејте го маслото во тенџере па кратко пропржете ги исечканите кромитчиња и додадете го месото. Зачинете и додадете сос од домати.

Излупете ги компирите и исечете ги на тенки парчиња.

Во подмачкан сад за печење наредете компири, па ставете ја смесата со месото и одозгора повторно наредете од компирите. Одозгора прелијте го бешамел сосот и ставете ја мусаката да се пече околу 30-40 минути.