Мусака без компири

Кога ќе дојдете дома изморени од работа, сигурно не ви е до готвење. А, бидејќи оваа мусака се јаде студена, пригответе ја навечер, а ќе имате утредента совршен ручек.

0
750

Состојки:

1,5 кељ
1 шолја ориз
300 г мелено месо
1 главица кромид
1 чаша кисела павлака
2 јајца
500 г тврдо мрсно сирење
малку маслиново масло
3-4 помали домати
малку свеж босилек
1 лажица сув зачин, сол, бибер

Приготвување:

Сварете го кељот во солена вода, па исечете го на ленти и исцедете го. И оризот сварете го и изладете го, а меленото месо издинстајте го со кромидот и зачините по вкус. Сето тоа измешајте, а потоа соединете со снег од изматените белки. Сирењето исечете го на парчиња, а павлаката, жолчката, билните зачини и сечканиот босилек измешајте ги. На дното на премачканиот плех наредете сирење, преку него нанесете слој од смесата со кељот, оризот и месото, па потоа пак сирење, филот со кељот… Сето тоа залијте со павлаката, јајцата и зачините, а преку мусаката распоредете кругови од домати. Прелијте со малку масло и печете 40 минути на 200 степени.