Мус од темно чоколадо

0
391

Состојки:

200 г темно чоколадо (по можност 70% какао)

6 лажици несолен путер

6 големи јајца

¼ чаша плус 3 лажици шеќер

За полнењето:

Полнењето и монтажа

1 чаша ладна слатка павлака

3 лажици шеќер

1 лажица какао во прав

Ви требаат и 8 садови за мус

Приготвување:

  1. Стопете ги чоколадото и путерот на пареа, измешајте ги убаво и оставете ги настрана.
  2. Со миксер мешајте ги жолчките од јајцата со ¼ чаша шеќер околу 5 минути.
  3. Во друг сад мешајте ги белките со останатите 3 лажици шеќер околу 3 минути.
  4. Со голема шпатула нежно помешајте ја смесата од жолчки во смесата од чоколадо и путер почнувајќи од средината кон краевите на садот, а кога ќе престанат да се гледаат линии и смесата ќе се соедини, додадете ја полека и смесата од белки, вртејќи го садот полека во насока на додавањето на смесата за да не се изгуби од волуменот.
  5. Поделете ја смесата во 8 садови, измазнете ја површината и ладете ја најмалку 4 часа.

Напомена: Мусот можете да го приготвите и 4 дена претходно. Чувајте го покриен и ладен.

  1. Непосредно пред послужувањето помешајте ги павлаката и шеќерот во среден сад и ставете во секој од осумте садови па поросете со какао прав.