Можете ли да замислите да јадете сѐ што сакате без да се дебелеете?

Австралиските научници веруваат дека се близу до епохално откритие на тоа како би можеле да јадеме сѐ што сакаме, а да не бидеме дебели.

0
334

Австралиските научници веруваат дека се близу до откритието како би можеле да јадеме сѐ што сакаме, а да не бидеме дебели. Имено, се покажало дека глувците одгледувани без генот RCAN1, не се дебелееле иако јаделе многу мрсна и калорична храна.

Со оглед на тоа што и луѓето го имаат тој ген, се надеваат дека истиот иновативен пристап би можел да функционира и кај луѓето со прекумерна тежина. На глувците им е давана различна храна која дебелее, а блокирањето на генот RCAN1 помогнало во претворањето на нездравата бела маст во поздрава кафена маст, велат научниците.

Таблетата која би го блокирала генот RCAN1 би им овозможила на луѓето да согорат повеќе калории додека мируваат, а не би влијаела на апетитот, тврдат авторите на студијата.