Може ли неколку моркови на ден да спречат развој на дијабетес тип 2?

Неколку моркови на ден спречуваат развој на дијабетес тип 2. Иако ова звучи премногу добро за да биде вистинито, истражувањата се ветувачки за некои лица со зголемен ризик од развој на шеќерна болест тип 2.

0
600

Во новиот извештај во списанието Human Genetics, истражувачите на Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд заклучиле дека лицата со заедничка генетска предиспозиција за дијабетес тип 2 имаат помала веројатност дека ќе развијат болест ако имаа покачено ниво на бета каротен во крвта.

Поконкретно, оние кои консумирале околу 6,5 мг хранливи состојки секој ден (што одговара на пола шолја варени моркови), имале најдобри резултати, иако се покажало дека врската исто така зависи и од тоа како нивното тело го метаболизира бета каротенот.

„Она што е важно за лекување и превенција на дијабетес тип 2 се здравата исхрана и активниот начин на живот. Неколку истражувања кои ги спроведовме за генетиката и исхраната покажаа дека ДНК не ја одредува судбината“, објаснил др.Атул Бути, вонреден професот на педијатрија на Стенфорд.

За да ја довршат својата анализа, Бути и неговиот тим користат податоци собрани на Американски национален примерок на возрасни од Центарот за контрола и превенција на болести (CDC).
Податоците кои се добиваат од примероците на крв, вклучуваат генетски информации, како и поединости за исхраната на поединеците и нивната изложеност во средината овозможувајќи единствено истражување кое го спојува влијанието на ДНК со влијанието на изборот на животниот стил и средината.

Во случаите кадешто станува збор за дијабетес тип 2 научниците утврдиле врска на генетската варијанта – SLC30A4, која се наоѓа во геномите на 50 до 60 отсто од Американците, а поврзана е со зголемен ризик од шеќерна болест. Но при анализата на податоците од CDC, научниците заклучиле дека нивото на бета каротенот е поврзано со фактот дали лицата од ризичната група и заболеле од дијабетес тип 2.

Во истото истражување е утврдено дека гаматокоферолот, вид на витамин Е присутен во маргаринот, сојата и пченкарното масло, се чини дека е поврзан со зголемениот ризик од дијабетес помеѓу лицата со генетски предиспоции за настанок на болеста. Тоа е иронично затоа што е познато дека витаминот Е со своите хранливи материи го подобрува метаболизмот на глукозата во крвта, односно дека е корисен за заболените од дијабетес. Затоа научниците претпоставуваат дека ова најново откритие укажува на исхрана богата со преработена храна (која често содржи и големи количини гама токоферол).

Очигледно е дека Бути и неговиот тим треба да спроведат уште истражувања за да се одреди прецизниот однос помеѓу бета каротенот, витаминот Е и дијабетесот. На прашањето дали препорачува внес на поголеми количини бета каротен, иако се потребни уште истражувања, Бути вели, без сомнеж – да, и наведува дополнителни причини заради кои е пожелно да се консумира бета каротен: го намалува ризикот од развој на одредени видови на рак и срцеви болести, се покажало дека го штити видот и може да го одложи слабеењето на когнитивните способности поврзани со стареењто.

За да се внесе доволна количина бета каротен, освен моркови, препорачливо е да се консумира изобилие од темнозелен лиснат зеленчук како спанаќ, потоа портокал и друго овошје и зеленчук со портокалова боја.

Фото: Pixabay