Состојки:
500 г брашно
Прстофат сол
¼ л млеко
3 лажици шеќер
1 коцка квасец
160 г омекнат путер
2 јајца
½ лажичка кардамом во прав
Прстофат цимет
80 г суво грозје
2 лажици млеко
2 лажици шеќер во прав
Брашно за поросување
Напомена: Ако сакате уште побогат вкус, наместо 80 ставете 200 г суво грозје, 50 г кандирано овошје (најдобро е лимон или портокал) и 100 г сечкани бадеми.
Приготвување:
1. Ставете го брашното во чинија, ставете малку сол и направете вдлабнатина во средината. Затоплете го млекото со шеќерот и растворете го внатре квасецот па ставете ја смесата во вдлабнатината во брашното. Од страна додадете ги путерот на парченца, јајцата, цимет и кардамом.
2. Сите состојки измешајте ги со миксер додека не добиете лепливо тесто. Покријте го и оставете го на топло 30 минути.
3. Потоа додадете го сувото грозје и месете додека не престане да се лепи.
4. Ставете во тепсијата за печење хартија. На рацете ставете брашно и од тестото обликувајте 12 земички кои ќе ги наредите во тепсија на растојание од 6 цм една од друга, ќе ги покриете и ќе ги оставите да стојат уште 30 минути на собна температура.
5. Загрејте ја рерната на 180 степени. Помешајте ги млекото и шеќерот во прав па премачкајте ги земичките со оваа смеса и печете ги 20 до 25 минути.