Освен ефектен изглед, овие пити имаат одличен освежителен вкус, а совршено одат со топка сладолед. Од наведените состојки можете да добиете 6 мини пити.
Состојки:
За тестото:
100 г кекси
50 г крупно мелени бадеми
60 г путер
Крем од боровинки:
1 шолја свежи боровинки
20 мл сок од свеж лимон
1 цело јајце
1 жолчка
½ шолја шеќер
30 г путер
Приготвување:
- Здробете ги кексите со помош на оглагија, додадете им ги крупно мелените бадеми и стопениот путер. Помешајте и префрлете ја смесата во 3 мини калапи за пити или во еден поголем калап (20цм). Ставете ја во фрижидер додека го подготвувате кремот.
- Боровинките и сокот од лимон полека загревајте ги на оган додека боровинките не омекнат, околу 3 до 5 минути. Притиснете ја смесата низ цедалка за да се ослободите од семчињата и лушпичките. Оставете настрана да се олади. Измаетете ги јајцето и жолчката, додадете го шеќерот и мешајте додека смесата не стане светло жолта. Ставете ја смесата во пирето од боровинки и помешајте.
- Смесата ставете ја на средно висока температура, константно мешајте додека кремот не се згусне, околу 8 до 10 минути. Тргнете го садот од оган и полека вмешајте го путерот. Подлогата од кекси и бадеми прелијте ја со кремот од боровинки и оставете да се стегне во фрижидерот.