Ако обожувате чизкејк и го сакате ликерот кахлуа, тогаш време е да го додадете колачот Кахлуа во вашиот тефтер со рецепти. Кахлуа е мексикански ликер со кафе, рум и ванила. Кахлуа чизкејкот се состои од 12 мали колачиња.
Состојки:
За кростата
11 чоколадни сендвич-колачиња („Орео“)
2 лажици путер
Фил
60 гр полуслатко чоколадо
360 гр крем-сирење
1/4 шолја шеќер
1 јајце
1 лажичка ванила
1/4 шолја ликер од кафе, Кахлуа
Приготвување:
1. Подгответе ја специјалната тава за мини чизкејк со тоа што убаво ќе го истриете секое колаче со лесно замастена хартија за печење.
2. За кростатата: Стопете го путерот. Ставете ги орео колачињата во голема кеса и скршете ги со сукало. Ставете ги скршените колачи во сад и додадете го стопениот путер. Ставете по околу една лажица од мешавината и направете 12 основи притискајќи ги со чаша за да ги израмните во тавата. Печете 10 минути во веќе загреана рерна на 180 степени.
3. За филот: Стопете чоколадо и тргнете го на страна. Изматете го крем-сирењето додека стане мазно. Додајте шеќер и продолжете да матите. Додајте ги јајцето и ванилата и продолжете да матите. Додајте го топеното чоколадо и повторно измешајте. Додека матите, додадете го ликерот и матете уште околу 30 секунди.
4. Ставете го филот во најлонска кеса, пресечете го врвот и пополнете го со фил секое колаче.Ставете повторно во рерна на 120 степени и печете 22-25 минути. Ставете ја тавата на решетка и оставете ја да се излади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер 4 часа пред да ги извадите колачињата од тавата.
5. Штом ќе бидат изладени, внимателно извадете ги колачињата од тавата. Чувајте ги колачињата во фрижидер се додека не ги сервирате. Украсете ги со крем одозгора, зрно од кафе и малку цимет или какао.