На јубилејниот 20-ти по ред меѓународен џез фестивал во Банско, Бугарија, како и на сите музички фестивали, освен на музика, мора да се мисли и на храна која не секогаш мора да е на нивото на музиката, но може да ја задоволи гладта.
Тука, во гратчето под Пирин, иако преку ден жешко, во вечерните часови кога се одржуваат концертите во рамките на традиционалниот џез фестивал, времето е пријатно и дозволува да се почестите и со ваква храна. Колбаси или на бугарски-наденици, кебапи и плескавици, помфрит и пиво се она што е најчесто на менито на бројните посетители кои уживаат во изведбите на големите џез мајстори.
Со добра музика и во ваква атмосфера, и кебапите и колбасите кои инаку не би „поминале“ на нашето лично, пребирливо мени, добиваат друга димензија.