Мексиканско врело чоколадо

Загрејте се со необично врело чоколадо по рецептот на популарната Ина Гартен

0
288

Ина Гартен е авторка на десет успешни готвачи, а од 2002 година е и одителка на кулинарското шоу „Barefoot Contessa“ на Food Network. Веруваме дека во својата богата кариера испробала многу рецепти за врело чоколадо, но најдраг ѝ е токму овој, со црно чоколадо и црвен пипер.

Наведените состојки се за двајца, а подготовката трае само пет минути.

Состојки:

500 мл млеко

1 лажица кафеав шеќер

150 г црно чоколадо

½ лажичка екстракт од ванила

Прстофат мелен цимет

Прстофат црвен пипер

2 стапчиња цимет

 

Приготвување

  1. Загрејте ги млекото и шеќерот на тивок оган. Тргнете од огнот и додадете го искршеното чоколадо, ванилата, циметот и црвениот пипер.
  2. Почекајте две минути, помешајте, а потоа вратете го на оган и почекајте да зоврие.
  3. Тргнете од оган и ставете во шолјите па сервирајте со стапчиња цимет.