Mексиканско одморалиште вработило гвакамологист

Специјализирано мени во чиј фокус е авокадото, па дури и спа третмани со авокадо и специјалист за гвакамоле

0
221

Со специјално мени фокусирано на авокадото, спа третмани со авокадо тематика, посветен „гвакамологист“ и што уште не во чест на авокадото, до крајот на март, во мексиканското крајбрежно туристичко одморалиште Каса Велас, во Пуерто Ваљарта, гостите ќе можат да уживаат во знакот на авокадото и во ресторанот, и во бањите, па дури и во часови за подготвување на различни видови гуакамоли од страната на „гвакамологист“.

Станува збор за ново работно место кое го искреирале тука во чест на промотивниот период кој одморалиштето го нарекува Гвакаманија.

Менито вклучува и авокадо буритос, чоколаден мус направен со авокадо, вафли со авокадо и џем од орев, авокадо со печурки, авокадо тирамису и уште многу нешта. Дополнително, гвакамологистот подготвува свежо гвакамоле за гостите покрај базенот и во приватниот клуб во одморалиштето. Исто така, гостите можат да учествуваат на часовите за готвење за да научат како да подготват различни видови гвакамоли.