Мед од тиква: Домашен мелем за црниот дроб, лек за холестерол и чудо за имунитет

Заради големата содржина на витамини и каротен, овој мед го зајакнува имунитетот.

0
2613

Можеби досега не сте слушнале за мед од тиква, но оваа вкусна намирница е толку здрава за организмот што веројатно ќе ја јадете секој ден.

Заради големата содржина на витамини и каротен, овој мед го зајакнува имунитетот.
Благодарение на своето благо лаксативно и диуретско делување, е одличен избор кога станува збор за проблеми со хроничен запек и различни заболувања на дебелото црево.

Списокот на неговите позитивни дејства врз организмот не завршува тука. Посебно е делотворен кај излачувањето на жолчката и проблемите со црниот дроб и бубрезите, а е добар избор и за оние со покачен холестерол.

Се смета и за природен лек за мокрачните патишта.

Најдобро би било медот да го чувате во фрижидер во чиста стаклена тегла со капак најдолго еден месец.

Како да го направите?

Потребна ви е една зрела жолта тиква. Отсечете го врвот од тиквата и издлабете ја внатрешноста.

Во отворот ставете кафеав шеќер или мед и поклопете со отсечениот капак и оставете ја тиквата на поладно место десетина дена.

Најдобро е да се стави во некоја поголема чинија. Кога шеќерот ќе се стопи во сокот од тиквата, тргнете го капакот и ставете ја течноста во тегла.

Доколку се појави мувла, не е страшно.

Во тој случај, направете дупка на дното од тиквата и оттаму прелијте го стопениот шеќер (медот од тиква) во теглата.

Медот од тиква можете да го користите како засладувач на чај или самостојно, 2-3 пати дневно по 2-3 супени лажици, како прелив и слично.