Овој мармалад од тиква се подготвува едноставно и не бара долго варење. Најдобро е да го чувате во стаклени теглички во фрижидер, а ако сакате да додадете пектин, тогаш можете да го чувате и надвор од фрижидерот, на ладно и суво место во стерилизирани стаклени теглички.
Од зачини, со тиква најдобро одат циметот и ѓумбирот, а за ваков вид на мармалад ви треба мускатна тиква (butternut Squash), односно, од оние во форма на круша.
Состојки:
1кг пире од тиква
Сок од 1 лимон
1 шолја шеќер
2 лажички екстракт од ванила
3 лажички цимет
1 лажичка ѓумбир
Пектин по желба
Приготвување:
Излупете ја тиквата и исечете ја на коцкички
Ставете ја во тава и варете ја заедно со зачините и шеќерот. Додадете сок од лимон и продолжете да варите додека не се згусне.
Уште додека е врел мармаладот ставете го во стерилизирани тегли, оставете на собна температура да се олади па преместете ги во фрижидер.