За да го направите овој рецепт, сепак најважно е да се раководите со сопствениот вкус. Комбинирајте свежи зачини по желба, употребете маслиново или масло од тиква, а ако сакате луто, секако додадете и некое луто пиперче. Вака подготвено сирењето можете да го чувате во фрижидер и до една недела, ама се сомневам дека ќе дозволите да стои толку долго.
Состојки:
300 г фета сирење
1 лимон
1 лажичка оригано
1 гранче рузмарин
1 ловоров лист
100 мл маслиново масло
Црн пипер во зрна
Приготвување:
- Исечете го сирењето на помали коцки.
- Лимунот убаво измијте го па исечете ја кората на подолги лентички.
- Ставете го сирењето во стаклена тегла или некој друг стаклен сад, додадете ја кората од лимон, зачините и црниот пипер во зрна.
- Додадете масло и ставете го во фрижидер.