Манастирски посен колач

Овој колач обично се прави во манастирите за време на пости. Инаку, рецептот е за основното тесто, а потоа можете да го дополнувате со филови по ваш избор. Нашиот е со фил од рендана тиква

0
693

Состојки:

3-4 филџани шеќер

8 филџани брашно

5-6 филџани кисела вода

2 филџани зејтин

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

1 лажичка сода бикарбона

100 г кокосово брашно

По желба: суво грозје, ореви,…

Приготвување:

Се мешаат мокрите состојки, па се додаваат полека сувите. Густината на тестото треба да биде како за пандишпан.

Ние ставивме половина од тестото, па ја ставивме ренданата тиква и одозгора го истуривме вториот дел од смесата. Се пече околу 30-40 минути, во зависност од рерната.