Малку поинакви палачинки

Нашата читателка Мери Царовска ни испрати интересен рецепт за палачинки, сосема поинаков од сите што сме ги имале досега. Вели дека се фантастични

0
125

Состојки:

За смесата:

Интегрално, р’жано и хељдино брашно

200 г млака вода

1 лажичка мед

1 лажичка цимет

Прстофат сол

3 лажици масло од тиква

1 лажичка сода бикарбона

1 лажица јаболков оцет

Приготвување:

Откако ќе ги помешате сите состојки, оставете ја смесата 1 час на собна температура, а потоа  испржете ги палачинките.

За филот:

Органски мед

Прелив:

1 лажица органско какао, 1 лажица мед, 3 лажици масло од тиква. Јатки ореви и некое овошје, во случајов – сливи.