Вчера, во Скопје, на десетото државно првенство за бармени беа избрани најдобрите бармени во две категории. Титулата најдобар бармен за 2017 година во класична подготовка на коктели ја понесе Васил Пеевски со неговиот авторски коктел See you in Copenhagen. Втор со пехар се закити Ѓорѓи Симјаноски со неговиот авторски коктел Have fun. Трето место во класична подготовка на коктели освои Никола Стојмановиќ со коктелот Cupcake.
Во втората категорија флертендинг првото место го освои Александар Бошев и неговиот Oriental Exotic коктел со кој направи одлично шоу за присутните. Со второ место се закити Љупчо Јаковлески со коктелот Habibi, а третото место го освои Игор Ѓуров со коктелот Oliva.
Признание за најдобра техника во класична подготовка на коктели освои Љубен Богдански.
На ова првенство покрај натпреварувачкиот дел се одржаа и два семинари за бармените на кои се презентираа новитетите на македонскиот пазар на пијалоци.
Специјални гости предавачи беа Мате Ксатлос, бренд амбасадор за Angostura рум од Данска и Ники Неиков – бренд амбасадор за Diageo Reserve – Бугарија.
А еве ги и рецептите за победничките коктели
Победнички коктели- Класична подготовка
- Васил Пеевски- See you in Copenhagen
1cl Monin Passion Fruit syrup
2cl Lemon Juice
2cl Marie Brizard Mandarine Liquer
4cl Gordon’s Gin
Splash Tomas Henry Elderflower Tonic
½ белка од јајце
- Ѓорѓи Симјаноски- Have fun
5cl Bulleit Bourbon whiskey
1cl Marie Brizard Vanilla liqeur
2cl Monin Pumpkin spice syrup
1cl Monin Peach puree
2cl lemon juice
6cl Pineapple juice
- Никола Стојмановиќ– Cupcake
3cl Smirnoff Vodka green apple
3cl Marie Brizard Coconut liquer
0.5cl Monin Grenadine syrup
2cl Monin White chocolate syrup
2cl Lemon juice
4cl Pineapple juice
Победнички коктели- Флер подготовка
- Александар Бошев- Oriental Exotic
4cl Capitan Morgan spiced rum
1,5cl Marie Brizard Latin mango
1,5cl Monin Strawberry puree
1cl Lime juice
2cl Pineapple juice
1 лист свеж босилек
- Љупчо Јаковлески- Habibi
1 spoon DIEM sour cherry jam
4cl Capitan Morgan spiced rum
2cl Lemon juice
5cl Apple juice
1cl Monin Elderflower syrup
3. Игор Ѓуров- Oliva
3cl Old Pascas White rum
1cl Marie Brizard Mango Liqueur
1cl Monin Passion fruit puree
1,5cl Monin Bubble Gum syrup
5cl Apple juice
4cl Lemon juice