Магичен рецепт кој помага да го исчистите црниот дроб и да ги стопите килограмите

Консумирајте го овој напиток 5 дена по ред во утринските часови. Една чаша од овој сок на ден ќе го исчисти вашиот црн дроб, а ќе се стопат и килограмите.

0
2027

Иако желудникот е одговорен за варење на мастите, не треба да се заборави дека таа тешка задача не може адекватно да ја извршува ако црниот дроб или жолчното кесе немаат нормална функција. Ако црниот дроб не работи „нормално“, мастите не се излачуваат од организмот. Освен тоа, се забавува и метаболизмот, а тоа доведува до прекумерна акумулација на токсини во организмот.

За да се обезбеди неопходна нега за најголемиот внатрешен орган во телото важно е што јадеме и дали се придржуваме до здрав начин а живот.

Ако е можно јадете попосна храна, шетајте најмалку пола час дневно и заборавете на пушењето и алкохолот. После 30 дена, ќе видите дека телото веќе реагира на овие промени.

А магичниот рецепт е за сок кој треба да го пиете 5 дена.

Потребни ви се:

2,5 чаши вода (625 мл)

околу 300 грама свежо цвекло

65 грама суво грозје

сок од 2 лимони

Приготвување:

Ставете ја водата да зоврие, а потоа тргнете ја од ринглата па додадете ѝ го исчистеното цвекло исечено на коцкички и сувото грозје.

Поклопете ја смесата и оставете ја постепено да се олади. После околу 45 минути, ставете ја во блендер и смелете ја.

Додадете во смесата сок од 2 лимони и полека измешајте.

Консумирајте го овој напиток 5 дена по ред во утринските часови. Една чаша од овој сок на ден ќе го исчисти вашиот црн дроб, а ќе се стопат и килограмите.

Фото: Pexels