Здрави, вкусни и миризливи, овие мафини се највкусниот десерт оваа сезона
Состојки:
3 лажици суво грозје
5 лажици сок од јаболки
1 сладок компир
1 јаболко
2 шолји брашно
5 лажици кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
2 лажички прашак за пециво
2 лажички цимет
1 лажичка ѓумбир
3 јајца
6 лажици зејтин
1 шолја сечкани ореви
50 г кокос
малку сол
Приготвување:
1. Ставете го грозјето во сокот од јаболка.
2. Изрендајте ги слаткиот компир и јаболкото.
3. Измешајте ги во сад брашното, шеќерот, прашакот за пециво, циметот, ѓумбирот и солта.
4. Изматете ги јајцата, додадете ја ванилата, грозјето и сокот од јаболко па се заедно измешајте.
5. Измешајте ги сувите и мокрите состојки, а потоа додадете ги ренданиот компир и јаболкото.
6. Додадете ги оревите и кокосот. Смесата мора да биде густа со поголеми парченца јаболко и компир.
7. Ставете ја смесата во калапи за мафини и печете околу 20 минути на 200 степени.