Лимон, сол и црн пипер: моќен лек за повеќе здравствени проблеми!

Оваа мешавина не служи само како прелив за салати, туку може да се користи и како лек за повеќе проблеми

0
1138

Многу луѓе од целиот свет освен во прелив за салати и како зачин, ги користат овие состојки и за лекување на секојдневните заболувања. Наместо лекови, многу луѓе се обидуваат да ги решат своите здравствени проблеми со природни домашни лекови, а лимонот, црниот пипер и лимонот докажано помагаат во следните случаи:

Болно грло

Ослободете се од болките во грлото такашто во чаша топла вода ќе помешате една лажица сок од лимон, пола лажичка црн пипер и лажичка морска сол. Испирајте ја устата неколку пати дневно и ќе се ослободите од болките во грлото.

Слабеење

Направете мешавина од четвртина лажичка црн пипер, две лажици сок од лимон и една лажица мед. Сѐ помешајте во чаша топла вода и пијте секое утро за да го збарзате метаболизмот.

Забоболка

Помешајте пола лажичка црн пипер и пола лажичка масло од каранфилчиња и ставете на болниот заб.

Мачнина

Вознемирениот стомак се лекува со црн пипер, а мачнината со лимон. Затоа помешајте една лажица сок од лимон и лажичка црн пипер во топла вода. Испијте полека додека не почувствувате дека мачнината ви поминала.

Отстранување на жолчните камчиња

Обично овој проблем се решава хируршки, но има луѓе кои
го третираат овој проблем со природни лекови. Земете 3 дела маслиново масло и 1 дел сок од лимон и црн пипер за да ги растворите камењата.

Астматичен напад

Оваа мешавина секогаш треба да се чува при рака, ако вие или некој од вашето семејство се астматични. За да го подготвите, земете 10 зрна црн пипер, 2 каранфилчиња и 15 листови од босилек во лонче врела вода. Оставете да врие 15 минути и префрлете ја мешавината во стаклена тегла со капак. Додадете 2 лажици мед и оставете да се излади. Можете да ја чувате смесата во фрижидер до 2 недели.