Состојки:
Кекси
Путер
Свеж сок од портокал
Пудинг од ванила
Овошје по избор (ние ставивме киви, банани, портокали, брусница и рибизли за украс)
Шлаг
Приготвување:
- Смелете ги кексите и од нив, од омекнатиот путер и сокот од портокал направете тесто кое ќе го ставите во некој калап за торта.
- Врз тестото ставете сечкано овошје, па прелијте со пудингот кој сте го подготвиле според упатството на кесичката и на крајот додадете шлаг и украсете со некое овошје.