Ледена еспресо торта

0
1286

Состојки:
3 шолји течна павлака, изладена
1/2 шолја плус една лажица шеќер
1 шолја маскарпоне на собна температура
1 кутија (250 гр) чоколадни вафли
1 лажица инстант-еспресо

Приготвување:
1. Изматете 2 шолји од течната павлака со 6 лажици шеќер со електричен миксер на средна брзина се додека не добиете крем. Додадете го маскарпонето и мешајте додека се спои убаво.

2. Намачкајте 1 1/4 шолја од оваа смеса на дното од кружната тава бр. 26 и покријте ја со 14 вафли, препокривајќи ги еден со друг, ако е потребно. Додадете уште 1 1/4 шолја од смесата, и повторно покријте со уште 14 вафли на истиот начин. Остатокот од смесата намачкајте ја на врвот. Измазнете го врвот, а потоа покријте ја тавата со фолија и оставете ја да во замрзнувач околу 1 час, додека се зацврсне. Пренесете ја тортата од замрзнувачот во фрижидерот и ладете ја околу 8 часа, така покриена, се додека со леснотија не можете со остар нож да поминете низ вафлите.

3. Ставете ги останатите вафли во процесор за храна и сомелете ги.

4. Изматете го остатокот од павлаката со еспресото и со останатите 3 лажици шеќер со електричен миксер се додека добиете цврст крем.

5. Извадете ја фолијата и тортата од тавата, а потоа прекријте ја одозгора со кремот од еспресо. Наросете малку трошки од вафлите на врвот. Сервирајте го ладно.

6. Тортата без еспресо крем може да остане замрзната 2 дена. Исто така, тортата може 4 часа претходно да се замрзне заедно со еспресо кремот, лесно покриена со фолија.