Состојки:
1,5 шолја брашно
1 лажичка сода бикарбона
2 згмечени банани
½ шолја кафеав шеќер
½ шолја јогурт
1 јајце
2 лажици млеко
1 шолја малини
¾ шолја рендано црно чоколадо
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180°C. Во калапот за печење ставете мрсна хартија.
- Во еден сад помешајте ги брашното и содата, а во друг сад сите останати состојки.
- Помешајте ги двете смеси и месете додека не добиете компактна смеса.
- Ставете го тестото во калапот за печење и печете околу 50 минути.