Состојки:
250 г кори за лазањи
300 г домати
200 г тиквички
200 г спанаќ
1 главица кромид
200 г млад кромид
399 г пармезан
3 лажици маслиново масло
Гранче свеж босилек
1/2 шолја сос од домати
Сол и црн пипер
Приготвување:
- Пропржете ги кромидот, доматите, тиквичките и младиот кромид.
- Кога се ќе омекне, додадете ги босилекот и сосот од домати.
- Во сад за печење ставете кора па ставете ред од зеленчукот што го пропрживте, ред свеж спанаќ и пармезан, повторно кора, па зеленчук, спанаќ и пармезан, се додека не се потроши целиот материјал.
- Во меѓувреме загрејте ја рерната на 250 степени и ставете ги лазањите да се печат 35 до 40 минути.