Состојки:
800 мл крем сирење
1/4 шолја. шеќер
1 ипол шолја павлака
2 шолји млеко
3 пудинзи од ванила во прав
1 шолја пире од тиква
1 лажиче.мешани зачини (цимет, ѓумбир, морско оревче)
10 крекери
1/4 шолја карамел
Ореви за украсување
Приготвување:
- Матете ги со миксер крем-сирењето и шеќерот околу 2 минути и полека додавајте 1 ипол шолја павлака и продолжете со матењето.
- Во друг сад изматете ги млекото, прашокот за пудинг, пирето од тиква и зачините.
- Во тава со димензии 9х13 ставете тенок слој од крем-сирењето и покријте го со крекери. Додадете пола од мешавината со пудинг и пола од мешавината со павлака. Продолжете со уште еден слој по истиот редослед, а завршете со крем-сирење.
- Покријте ја тавата со тенка фолија и оставете ја во фрижидер најмалку 4 часа.
- Поросете со карамела и со ореви пред сервирање.