Состојки:
За бешамел сос:
6 лажици путер
3 лажици брашно
5 шолји млеко
Мелен црн пипер, сол
2 шолји кашкавал
25 г пармезан
За лазањите:
1 лажица путер
2 лажици маслиново масло
3 парчиња праз (белиот дел)
3 чешниња лук
2 китки блитва
800 г тесто за лазањи
Сол, црн пипер
170 г моцарела
50 г кашкавал
Босилек
Приготвување:
- Во еден сад стопете го путерот на средна температура. Додадете го брашното, мешајте со мешалка и постепено додавајте го млекото додека смесата не се изедначи. Варете со постојано мешање додека бешамел сосот не се згусне. Тргнете од оган и додадете ги солта, пиперот и кашкавалите. Мешајте додека кашкавалите не се стопат.
- Загрејте ја рерната на 190°C и намрсете ја тепсијата за лазањи со лажица путер. Во поголема тава загрејте го маслиновото масло па динстајте го праот додека делумно не се карамелизира, а потоа додадете го лукот и динстајте ушпте 30 секунди. Додадете ја блитвата и динстајте сосема кратко, колку да омекне, а потоа зачинете со сол и со пипер.
3. Во тепсијата за печење ставете го бешамел сосот за да го покрие дното. Потоа ставете листови од лазањата а потоа зеленчукот, моцарелата и повторно залејте со бешамел. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. Завршете со слој од лазањи и бешамел кој ќе го наросите со рендан кашкавал и со пармезан. На крајот ставете го босилекот и печете 35 до 40 минути во загреана рерна.