Лава колач со чили

Ако сте љубител на храна со специфичен вкус, тогаш чоколадниот лава колач со чили е идеален десерт за вас.

0
220

Состојки:

180 г темно чоколадо

180 г путер

4 јајца

150 г шеќер

65 г брашно

1 лажичка чили

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во поголем сад ставете вода да зоврие, а над него ставете помал сад во кој ќе ги ставите путерот, чоколадото и чилито додека не се растопат.

Тргнете го садот од ринглата и постепено додавајте брашно и шеќер полека мешајќи. На крајот кога смесата е малку оладена додадете ги јајцата.

Намрсете ги калапите за мафини и подеднакво расподелете ја смесата. Ставете ги колачите да се печат, а по 14 минути извадете ги и оставете да се оладат 10 минути. Потоа полека извадете ги од калапите.

Послужете ги топли и не ги загревајте дополнително за да добиете ефект на лава.