Ладна супа од лубеница?!

Зошто да не! Делува многу освежително и вкусно за сите кои не се плашат од нови вкусови и возбудливи комбинации

0
241

Летните намирници најчесто се јадат свежи, што секако дека го олеснува варењето, а една од најосвежителните намирници во врелите денови е лубеницата.

Една од најчестите заблуди за лубеницата е дека е таа овошје. Всушност станува збор за зеленчук кој доаѓа од истото семејство како и краставиците и тиквиците. Бидејќи е полна со вода, нејзината калориска вредност е многу ниска, па не морате да се грижите заради порциите. Исто така е и многу хранлива, има силни антиоксидативни својства и многу витамин Ц и бета-каротен кои се исклучително важни  кога се изложувате на сонце.

Лубеницата одлично оди во комбинација со овошје, но е одлична и за подготвување на солени салати, на пример, со рукола, сирење, маслинки, одлично оди и со јаткасти плодови како ореви и бадеми, но и со пињоли.

На интернет најдовме и одлична идеја за подготвување на ладна супа од лубеница. Супата се подготвува за 20 минути и, се разбира, нема готвење.

Состојки (количината на состојките зависи од тоа за колку луѓе ја подготвувате):

Лубеница

краставица

црвена пиперка

кромид

домат

чили пиперче

лук

свеж босилек

сок од лимон

Приготвување:

Потребно е да ја исечете лубеницата на коцки, да додадете кромид, црвена пиперка, краставица, домат, чили пиперче и лук, свеж босилек и сок од лимон. Измешајте се во блендер и ќе добиете густа супа која можете да ја послужите и во чаша со свеж лист босилек. Важно е да биде послужена добро изладена.