Состојки:
200-300 г кус-кус (обично оди по 50 грама за порција, па ставете толку кус-кус колку што ви требаат порции или ако сте многу гладни, ставете за себе двојна количина)
2-3 моркови
500 г шампињони
1 кромид
сол, црн пипер, оригано
сос од домати
Маслиново масло
Приготвување:
Пропржете ги кромидот и морковите исечкани на тркалца, а потоа додадете ги шампињоните.
Оставете ги да се динстаат 5-6 минути, па додадете го сосот од домати, зачинете и оставете го на рингла уште 5-6 минути.
Кус-кусот се става во врела, но не зовриена вода, во сооднос 50 грама кус-кус со 60 мл вода. Се покрива со капак, се остава водата да се упие, се посолува и се става маслиново масло. Се промешува за да се одвојат зрнцата и се послужува топло.