Состојки:
4 јајца
1 шолја кафеав шеќер (може да се стави и кокосов шеќер или пак најобичен бел шеќер)
1 шолја мелен рогач
1,5 шолја брашно
1 шолја кокосово масло, растопено
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажица какао
1 прашок за пециво
Малку сол
5 излупени и рендани јаболка
За прелив:
200 г црно чоколадо
2 лажици путер
Мерката е 1 шолја од 250 мл
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180 C. Пригответе го калапот за куглоф, односно, намрсете го и ставете брашно или презли (ова не е потребно ако користите силиконски калап)
- Излупете ги и изрендајте ги јаболката
- Во сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, мелениот рогач, какаото и солта. Во друг сад измешајте ги јајцата со шеќерот, додадете ја ванилата, растопеното масло.
- Додадете ја сувата смеса и ренданите јаболка, измешајте се убаво и истурете ја смесата во калапот за куглоф.
- Печете 50-55 минути.
- Оставете да се олади и превртете го калапот врз чинија па прелијте со растопеното чоколадо.