Крцкави „шницли“ од тиквички и кашкавал

0
782

Состојки:

2-3 тиквички

100 г рендан пармезан

1 јајце

75 г свеж власец (див лук)

1 лажичка оригано

¼ лажичка лук во прав

Сол и црн пипер

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  2. Измијте ги добро тиквичките и изрендајте ги. Додадете сол и оставете да отстојат 20 минути.
  3. Исцедете го вишокот вода, па во тиквичките додадете исечкан свеж див лук, рендан кашкавал, јајце и зачини. Добро измешајте.
  4. Од смесата направете шест „шницли“ и ставете ги на хартија за печење.
  5. Печете во рерна околу 35 минути.
  6. Послужете ги со сос или салата по желба.