Кростатата е изворен италијански деликатес од лесно тесто и овошје кое е едноставно и вкусно. Само со една кора која се приготвува многу лесно и со додаток на малку сезонско овошје добивате извонреден десерт.
Состојки:
За тестото:
1 дцл вода
250 г брашно
Прстофат сол
170 г путер
За филот:
4 праски
2 лажици кафеав шеќер
1 слатка павлака
Приготвување:
Помешајте ги брашното и солта, со вилушка згемечете го путерот во брашното и постепено додавајте вода. Ќе добиететрошлива, леплива смеса. Завиткајте ја во проѕирна фолија во форма на топка и добро притиснете за да може потоа полесно да го расукате тестото. Оставете ја во фрижидер барем половина час.
Праските исечете ги на кришки и поросете ги со шеќер.
Тестото расукајте го во форма на калапот во кој ќе го печете, а дното избоцкајте го со вилушка на неколку места, па наредете ги одозгора праските.
Печете во загреана рерна на 180°C околу 40 минути. Послужете со слатка павлака.