Состојки:
1 сув квасец
1 кесичка ванилин шеќер
2 јајца
100 г шеќер (ако ги полните со мармалад или со еурокрем, не ставајте воопшто шеќер)
прстофат сол
140 г растопен путер
250 мл млака вода
250 мл млако млеко
1 кг и 100 г брашно
уште 70-100 г путер за премачкување
шеќер во прав за поросување
Приготвување:
Квасецот измешајте го со брашно и ванилин шеќер. Додадете јајца, вода, млеко и растопен путер, па замесете меко тесто. Покријте го и оставете го да стаса.
Потоа растегнете го на подебела кора (околу 1-1,5 цм) и вадете тркалца со помош на малку поширока чаша.
Наредете ги врз мрсна хартија во голема тепсија, премачкајте ги со растопен путер и почекајте да стасаат уште 15 минути па ставете ги да се печат во загреана рерна, на 200 степени околу 15-20 минути.
Во меѓувреме, повторете ја постапката со останатото тесто (од оваа количина излегуваат две тепсии, а доколку сте дома помалку луѓе, преполовете ја дозата).
Кога ќе се испечат крофните, повторно премачкајте ги со путер додека се топли и поросете ги со шеќер во прав.